Поранешниот репрезентативец на Франција и капитен на англискиот гигант Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, се потсети на една ситуација од времето кога негов тимски колега беше моментално најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо.Тие играа заедно во Манчестер, а во една прилика Евра добил покана за вечера од Роналдо.
- Ако Кристијано ве покани на вечера во неговата куќа, подобро да одбиете. Еднаш по тренингот ме покани. Се согласив. Кога отидов кај него на масата имаше само салата, морски плодови и вода. Немаше сок или месо. Мислев дека ќе донесе подоцна. Но, тоа не се случи. Роналдо заврши со јадењето и почна да тренира со топката. Ме викна и мене. Но, реков дека сакам да завршам вечера. Потоа работевме со топката, па тој отиде во базенот. Затоа велам дека не треба да ја прифатите поканата на Роналдо за вечера. Тој е вистинска машина, размислува само за тренинзи, откри Евра.
Капитенот на Португалија го одбележа досегашниот дел на Светското првенство во Русија постигнувајќи „хет-трик“ на дуелот против Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


