| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски: Се подготвува пријава за Јанко Бачев

-Приведовме 26 лица од кои се идентификувани во масата 12 лица. Материјалите се предадени во јавно обвинителство, денеска цел ден колегите работеа на снимнките и сите кои ке бидат идентификувани ќе бидат приведени и предадени на јавното обвинителство. Го гледавте и лидерот на политичка партија Единствена Македонија како се качува на хермелин, тоа е директно попречување на службено лице во вршење на службена должност. Никој нема да биде амнестиран, и за него се чека постапката, и се чека реакција од јавното обвинителство. Секој еден кој направил вандализми е приведен или ќе биде приведен. Нас не не интересира дали е член на политичка партија или на навивачка група.Сите луѓе кои учествуваат на протести мора да го знаат тоа- рече Спасовски.

Тој упати апел до сите демоснстранти кои сакаат да се пресметуваат со полицијата, да размислат со своја глава дека кога ќе направат престап мора да одговараат. Потсети дека и на 27 април политичарите се оградија од насилниците.

Според Спасовски реакцијата на полицијата била како по учебник, дурии не реагирала баш на време бидејќи еден час била напаѓања од демонстрантите.
-Самиот факт дека имаме 10 повредни полицајци, еден потешко со напукнување на потколеница, другите девет со полесни повреди, имавме јавено во медицинските установи 7 граѓани од протестантите говори дека полицијата реагирала и не баш на време. Тоа е показател дека толеранција имало, но таа во ниеден момент не може да биде злоупотребена – рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top