| четврток, 6 декември 2018 |

Штербик: Му се радувам на Веспрем, но срце ме боли што си одам од Скопје

Вардар остана без својот прв голман Арпад Штербик, кој се пресели во Веспрем. Во интервју за унгарските медиуми, еден од најдобрите светски голмани кажа нешто за неговиот престој во Скопје и истакна дека „црвено-црните“ имале тешка година, пред се, поради непосакуваните повреди кои го снашле тимот.

„Имавме тешка година во Вардар. Имавмве наши силни и наши слаби периоди, но успеавме да се пласираме во Келн. Мислам дека ја завшивме годината позитивно – ги освоивме трофеите во домашните првенства, во СЕХА-лигата и игравме Ф4 на Лигата на шампионите. Ни фалеше малку на крајот. Немавме среќа како лани, посебно со повредите. Многу играчи ни недостасуваа и не беше како ланскиот Ф4 кога сите беа здрави. Можеби во Келн ќе имаше друг епилог, да немавме повредени играчи. Но, како и да е, имавме успешна сезона“, изјави Штербик.

Во Скопје тој мина четири години и вели дека имал одличен начин на живот како на спортски, така и на личен план.

„Минав четири години во Скопје и многу го засакав градот. Клубот Вардар напредуваше во сите сегменти Минав одлично време таму и на спортски и на личен план. Со семејството лесно се адаптиравме на Скопје. Среќни сме што се враќаме во Веспрем, но срцата не болат што си одиме од Скопје“, додава екс-вардаровиот голман.

Штербик се очекува да биде големо засилување меѓу стативите на унгарскиот гигант кој силно посакува трофеј во Лигата на шампионите, но никако не успева да дојде до тронот во изминатите години.

Извор: Гол.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top