| четврток, 6 декември 2018 |

Јулија Тимошенко ќе се кандидира за претседателка на Украина

Лидерката на украинската опозиција и поранешна премиерка, Јулија Тимошенко, денеска објави дека ќе се кандидира за претседател на изборите в година.

„Ќе се кандидирам за претседател на Украина“, рече таа во видеоснимка на која одговараше на прашања, а која беше објавена на нејзината официјална фејсбук-страница.

Според резултатите на анкетата што во мај ја спроведоа Фондацијата за демократски иницијативи „Кучерив“ и Институтот „Разумков“ со седиште во Киев, Тимошенко е во водство со поддршка од 13 отсто од испитаниците што имаат намера да гласаат, пренесе „Ројтерс“.

Актуелниот претседател на Украина, Петро Порошенко, бил на четвртата позиција според резултатите од истата анкета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top