| четврток, 6 декември 2018 |

Даќиќ: Не ѝ честитавме на Македонија, зашто нема што да ѝ се честита

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Србија не и честитала на Македонија за договорот за решавање на спорот со Грција околу името, бидејќи нема што да се честита, пренесе „Б92“.

Тој додаде дека Србија има позитивен став, но не гледа причина зошто би се мешале кога не се повикани.

„Не честитавме бидејќи немаме што да честитаме. Имаме позитивно мислење и го поддржуваме секој договор во кој страните се договараат да ги решат проблемите на мирен начин“, изјави Дачиќ одговарајќи на прашање дали Србија и честитала на Македонија.

Додаде дека сите го очекуваат крајот на процесот околу договорот меѓу Македонија и Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top