| четврток, 6 декември 2018 |

Старец пукал со воздушна пушка во Центар, погодил минувач во рака

Вчера во 13.15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, З.С. пријавил дека, додека се движел по ул. „Борка Талевски“ со една дијабола бил погоден во пределот на раката.

По преземени мерки било утврдено дека лицето кое пукало од воздушна пушка е Ѓ.С. (63) од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица, а пушката била одземена.

По целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top