Холандија е земја со 17 милиони жители и 22 милиони велосипеди, а и понатаму се труди да ја намали загаденоста поради сообраќајот. Поради тоа воведуваат уште една мерка која би можела да им помогне уште повеќе да се намали бројот на автомобили од улиците.
Станува збор за финансиски надоместок за велосипедски труд за оние кои на работа ќе патуваат со велосипед.
„Ајде да излеземе од автомобилите и да се качиме на велосипеди. Сакам да го стимулираме велосипедизмот со цел да извлечеме дополнителни 200.000 луѓе од нивните автомобили за на две тркала сите заедно да поминеме три милијарди километри повеќе“, објави заменикот министер за инфраструктура и управување со водни ресурси на Холандија.
Секој вработен кој на работа ќе оди со велосипед, според новиот предлог, ќе добива надомест од 19 центи за секој километар поминат со велосипед од дома до работа и обратно.
Исто така, размислуваат и околу субвенции за купување на велосипеди, кои би се договарале во соработка со компаниите, а во пресметката се предвидени 100 милиони евра за зголемување на бројот на велосипедски патеки и паркинг места за велосипеди.
Повеќе од половина луѓе во Холандија живеат на оддалеченост од околу 15 километри од работа.
Овој пат, како што тврдат тие, лесно би можел да биде поминат со сѐ попопуларните електрични велосипеди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст