Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје, Светлана Колариќ до градоначалникот Шилегов на денешната седница, посочи дека врвот на непрофесионалното работење е постигнато со ставањето на лице кое е познато како обезбедувач по дискотеки за директор на зоолошката градина.
– Новините кои таму се случуваат се добри, како и набавка на нови слонови, но кој ќе раководи со нив, наместо ветеринар човек како Горѓи Гелетановски – Чомбе кој важи за обезбедувач и менаџер на дискотеки, истакна Колариќ.
– Сакаме да ја потсетиме јавноста дека носењето на овие два слона е кулминација на повеќегодишно планирање и инвестирање на ова поле, кое финишираше со изградбата на ново живеалиште за слонови, кое е започнато и во најголем дел изградено во мандатот на минатиот градоначалник Трајановски, беше истакнато од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.
– Имено, станува збор за проект кој се доби живеалиште за слон се состои од внатрешен и од надворешен дел, кои е поделен на два дела за два слона, а за чија изградба беа издвоени 26 милиони денари. Ова живеалиште, чија изградба започна во 2015 година, се изгради на парцела со површина од 3.200 метри квадратни, а во него се изгради и објект со површина од 400 метри квадратни. Со изградбата на ова живеалиште, се создадоа услови за набавка на слонови во Зоолошката градина во Скопје по повеќе од 25 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст