| четврток, 6 декември 2018 |

Турција ги укинува домашните задачи за учениците

Турските наставници повеќе нема да им даваат домашни задачи на учениците, а материјалот ќе се учи на час, изјави турскиот министер за образование Исмет Јилмаз, истакнувајќи дека старите практики немаат место во новиот начин на учење.

– Од сега натаму, ниту еден наставник нема да дава домашна работа на учениците. Сакаме нашите ученици да се фокусираат повеќе на час и материјалот да ги научат уште на час, изјавил министерот.

Тој уште додал дека учењето на памет, исто така, веќе нема да се применува во турските училишта.

– Старите методи на учење нема да се повторуваат. Сакаме учениците да можат да го применат во животот она што го учат на час. Во следниот период, ќе им обезбедиме на нашите деца образовен систем кој одговара на нашето време и живот. Од следната година нема да им се даваат никакви домашни задачи на учениците, истакнал турскиот министер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top