| четврток, 6 декември 2018 |

Преговарачот за името, Васко Наумовски не бил поканет во Преспа, Василакис седеше зад Могерини

Васко Наумовски, официјалниот преговарач на Македонија во спорот за името со Грција, не бил на потпишувањето на договорот во Преспа помеѓу Скопје и Атина, јавува „Експрес”. Македонската страна не го поканила амбасадорот на Македонија во САД.

Истовремено, грчкиот преговарач Адамантиос Василакис бил присутен и седел во првите редови веднаш зад високите гости Федерика Могерини и Јоханес Хан, додека за македонскиот преговарач и амбасадор во САД Васко Наумовски немало место во Нивици.

Двете влади решија нивото на прегововори да го крене на министри за надворешни работи, но барем формално, тој се уште останува официјален преговарач за разликите околу името.

Иако и дипломатот ветеран Василакис (76) беше ставен настрана откако спорот директно започнаа да го решаваат Димитров и Коѕиас, грчката страна сепак го испочитувала дипломатскиот протокол и го поканила преговарачот кој ја претставуваше земјата на преговорите во последниве 11 години години откако во 2007 година го наследи Христос Захаракис на позицијата преговарач. Наумовски пак, стана преговарач во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top