| четврток, 6 декември 2018 |

Квалификации за Лига Европа: Стивен Џерард со Ренџерс доаѓа во Скопје

Македонските претставници во Лига Европа немаа среќа во ждрепката за првото коло од квалификациите, добивајќи мошне тешки противници. И покрај носителската улога, Вардар ќе игра против ерменскиот Пјуник, Работнички ја доби најтешката можна ждрепка – унгарскиот Хонвед, а Шкупи го доби најатрактивниот можен противник – шкотски Глазгов Ренџерс.

Вардар ќе гостува на првиот меч кој се игра на 12. јули, а реваншот е седум дена подоцна, на 19. јули.

Шкупи исто така најпрво на 12. јули ќе гостува во Шкотска, а потоа на 19. јули Глазгов Ренџерс со новиот менаџер Стивен Џерард доаѓа во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top