| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО – ДПМНЕ ќе го испрати договорот со Грција од Венецијанската комисија

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешнта прес-конференција истакна дека Владата на Република Македонија и парламентарното мнозинство, прекршувајќи ги Уставот, Деловникот, законите и процедурите сакаат да протуркаат антидржавен и антиуставен договор кој е во спротивност со интересите на граѓаните на оваа земја.

– Владата која го склучи овој штетен и противуставен договор, сега сака на мала врата, без дебата да го протне преку кршење на Деловникот и процедурите токму овде во Собранието. Ако овој договор е толку добар за Република Македонија, зошто тогаш Владата и парламентарното мнозинство бегаат од дебата грубо кршејќи ги сите процедури? Ваквото однесување преставува продолжување на самоволното и шверцерско однесување на власта, каде преседаните стануваат пракса, а кршењето на Уставот, Деловникот и законите секојдневие. Ова е трет пат, трет случај на грубо непочитување на процедурите. Прво со изборот на Талат Џафери за „таканаречен“ претседател на Собранието, потоа со законот за двојазичност и сега со договорот со Грција, вели Данев.

Тој посочува дека власта и парламентарното мнозинство заобиколувајќи ја Комисијата на надоврешни работи избегаат од дебата за овој капитулантски договор.

– Власта на Зоран Заев на овој начин не сака да ги слушне критиките од јавноста бидејќи прифати договор со кој се менува Уставот, се брише терминот Македонија, се менува и задира во националниот идентитет, се откажуваат од малцинствата, спомениците се прикажуваат за грчки и се прифаќаат еден модерен геноцит. Зоран Заев и самиот призна дека овој договор не е добар за Република Македонија. За потпишувањето на ваквиот договор и неговото противуставно и противделовничко спроведување во Собранието на Република Македонија ќе има одговорност.

– Ние за ваквиот противуставен договор ќе побараме и толкување од Веницијанската комисија за утврдување на правната природа на истиот договор. Имаме изигрување на правото и правната држава со цел легализирање на ова капитулантско дело. Тоа мора да биде правно санкционирано. Пратеничката група за сите идни чекори ќе ја извести јавноста, нагласува Данев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top