| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо, Кејн и еден режисер: Избран најдобриот тим за првото коло на Мундијалот

Специјализираниот британски фудбалски портал „101 Great goals“ го објави најдобриот тим после првото одиграно коло од групната фаза на Светското првенство во Русија.

Во најдобрите 11 се најдоа еден играч од Исланд, Хрватска, Шведска, Русија, Португалија и Мексико, додека по двајца претставници имаат Србија и Англија.

За најдобар голман во првото коло е избран Исланѓанецот Ханес Халдорсон, во дефанзивата се Киеран Трипие, Хозе Марио Гименез, Андреас Гранквист и Александар Коларов, средниот ред го сочинуваат Александр Головин, Лука Модриќ, Сергеј Милинковиќ- Савиќ и Ирвинг Лозано, додека пак во формацијата 4-4-2, во нападот се Кристијано Роналдо и Хери Кејн.

Интересен е фактот што меѓу овие 11 играчи најмалку познато е името на голманот Халдорсон, кој освен со фудбалот се занимава и со режирање, а во првиот меч на неговата репрезентација со Аргентина му одбрани пенал на Меси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top