| четврток, 6 декември 2018 |

Прв истополов брак во кралското семејство

По венчавката на американската актерка Меган Маркл со принцот Хари, во кралското семејство ова лето ќе се случи уште една историска свадба. Лорд Ивар Маунтбатен, братучед на кралицата Елизабета Втора, јавно објави дека е хомосексуалец во 2016 година и стана првиот член на кралското семејство кој јавно ја призна неговата сексуална ориентација. Тој откри дека е во врска со Џејмс Којл, со кого летово ќе прави свадба.

На церемонијата ќе присутвува и поранешната сопруга на Маунтбатен, Пени, со која има три ќерки. „Дејли Мејл“објави дека таа ќе го одведе Маунтбатен до олтарот. „Тоа беше идеја на ќерките“, рекла Пени.

Маунтбатен рекол дека за жал никој од кралското семејство нема да присуствува на свадбата. „За жал тие нема да стигнат на свадбата. Тие имаат испланирано настани и обврски неколку месеци однапред и нема да можат да дојдат. Но тие го обожаваат Џејмс“, рекол тој.

Иако кралицата не ја коментираше претстојната свадба на нејзиниот роднина, таа лани ги поддржа првата на ЛГБТ заедницата. „Мојата влада ќе направи понатамошен напредок за справување со родовиот јаз во платите и дискриминацијата врз луѓето врз основа на нивната раса, вера, пол, инвалидитет или сексуална ориентација“, рече кралицата во говорот што го одржа минатата година во британскиот парламент.

На 19 мај Меган Маркл, војвотката од Сасекс, и сегашна сопруга на принцот Хари, влезе во историјата како прва жена од мешана раса во кралското семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top