Германскиот голман, Бернд Лено, од наредната сезона ќе го носи дресот на Арсенал. Новиот тренер на „топџиите“ за оштета од 25 мил. евра го комплетираше второто засилување летово по швајцарскиот дефанзивец, Стефан Лихштајнер.
По седум години минати во Баер Леверкузан, 26-годишниот голман реши да си замине од Бундеслигата во потрага по нов предизвик. Според информациите од Англија, Арсенал е блиску до потписите на уште двајца фудбалери, Лукас Тореира од Сампдорија и Сократис Папастатополус од редовите на Борусија Дортмунд.
Вчера од клубот потврдија дека летово од Арсенал ќе си замине Џек Вилшир кој мина цели 17 години во клубот. Фудбалерот за врска во дресот на Арсенал одигра на 197 натпревари, освои две титули во ФА Купот, а од лондонскиот клуб синоќа му се заблагодарија за се’ и му посакаа многу среќа во понатамошната кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст