| четврток, 6 декември 2018 |

Синиша немал шанси да преживее: Стравични фотографии од местото на убиството каде експлодираше џип во движење (фото)

Ликвидацијата на Синиша Милиќ вчера во Белград била извршена на професионален начин и била детално испланиран, на начин на кој жртвата немала никаква шанса да преживее.

Околу 13 часот, со контролирана експлозија вчера беше убиен Синиша, за кој српските медиуми јавија дека е член на кланот на Филип Бојевиќ, додека чекал со возилото на семафор.

Кога застанал на семафор на црвено, бомбата била активирана, а се претпоставува дека тоа е направено со далечински управувач преку мобилен.

– Веројатно далечинското било на мобилнииот телефон, а убиецот чекал автомобилот на Синиша да биде изолиран, за да нема други жртви, па кога застанал на семафор бил вистинскиот момент, објаснил полициски извор за Српски Курир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top