Влијанието на циклонот СИЛВИЈА останува се до крајот на неделава. Понатаму попладнево и вечерва ќе биде нестабилно на повеќе места со врнежи од дожд проследени со грмежи.
Локално процесите повторно можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Утре и во среда услови за нестабилност ќе има претежно во планинските предели додека во петок повторно попладнето и вечерта ќе има значителна нестабилност кога е можно ново локално невреме а температурите ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.
За време на викендот ќе има значителен пад на температурите и осетно освежување а и натаму ќе остане нестабилно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.