| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската музичка двојка се заколна на вечна љубов во Охрид (галерија)

Македонската музичка двојка Денис Мурат и Стефани Стефановска од дуото ДИС се заколнаа на вечна љубов во прекрасниот Охрид. Како што откриваат за медиумите нивната љубов започнала на охридска плажа.

 

Во 2016 година таа клекна пред него и ја побара неговата рака за сопруг. Ваквиот необичен потег секако беше интересен за медиумите кои охридската двојка Денис Мурат и неговата сакана Стефани Стефановска не заобиколија да ги напишат во забавните рубрики.

Речиси две години подоцна во Охрид се случи и нивната венчавка кога Денис и Стефанија се заколнаа на вечна љубов. Интересно е што љубовта меѓу нив се родила на охридска плажа и оттогаш не само што функционираат заедно на сцена како дуо „Дис“,туку почнаа и заеднички брачен живот.

-Во  врската бевме скоро три години, од кои една и пол бевме верени и живееме заедно. Се запознавме во Охрид на плажа, сосема случајно. Од истиот момент , почнавме да функционираме беспрекорно. Јас работам во нижото музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, како наставник по пијано. Дени е референт за приходи. Заедно сме во музичко дуо, Дуо „ДИС“. Свириме точно две години, во Скопје, но и надвор од него, вели за Публицитет.мк Стефани, која е ќерка на позната македонска новинарска двојка Бране и Сузана Стефановски. Денис потекнува од угледно охридско семејство чиј приоритет беше медицината.

Инаку, македонската јавност го запозна Денис во македонското музичко шоу„ Идол“ каде беше еден од фаворитите.

 

извор: Фото: Зебра продукција/ Публицитет.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top