| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте на вашите кредитни картички: Измама со евтини авионски билети кружи на социјалните мрежи

За сите што аплициравте за 2 тикета за само $1 и во третата фаза ги оставивте оригиналните податоци од вашата картичка, веднаш да се јавите во банката во која ја имате сметката од податоците кои сте ги оставиле за да ви ги блокираат картичките ако не сакате да се разбудите со 0 денари на вашата сметка.

Штотоку вашите податоци му ги дадавте на располагање на некој хакер, кој ве пренасочил на страна (wizzair.com-fly.net) која што НЕ Е официјалната (WIZZAIR.COM) и низ неколку последователни „убедливи” чекори ве насочи да ги оставите најдоверливите податоци од картичката: Card name holder; Card number; Valid date; CVV.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top