| четврток, 6 декември 2018 |

Гризман има повредна на глуждот, но ќе биде подготвен за мечот против Перу

Првата ѕввезда на репрезентацијата на Франција, Антоан Гризман го напуштил тренингот тимот денеска поради повреда глуждот, објавија од францускиот штаб. Сепак, проблемите на напаѓачот на Атлетико не се сериозни и тој се очекува да биде во конкуренција за вториот натпревар од групата против во Перу во четврток.

– Неговиот глужд е малку отечен по натпреварот со Австралија, но не станува збор за ништо загрижувачко, изјави соиграчот на Гризман, Рафаел Варан по денешниот тренинг.

Фудбалерот на монако, Тома Лемар и дефанзивецот Самуел Умтити исто така имаат поситни повреди, но шансата да го пропуштат натпреварот со Перу е мала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top