| четврток, 6 декември 2018 |

Бојан Кирковски, актер: Имаме стадион за Брегалница, а публиката ни е како за Реал Мадрид

Бојан Кирковски е актер кој е вработен во Театарот за деца и младинци и кој игра во скоро сите хит-претстави на омилениот театар на децата. Тој ја толкува улогата на Вилијам во новата претставата на ТДМ „Сонот на Вилијам“, чија премиера е закажана за в среда, на 20 јуни во 19 часот.

– За жал, ние имаме услови за „Брегалница“, а претстава за „Реал Мадрид“. Имаме стадион за „Брегалница“, а публика за „Реал Мадрид“ – смета Кирковски.

Според него, „Сонот на Вилијам“ потекнува од нивната идеја за создавање нешто различно, нешто што ќе им овозможи на децата да се запознаат со делата на Шекспир.

Бојан Кирковски во улогата на Вилијам во „Сонот на Вилијам“

– Направивме сосема различна претстава од она што досега е навикната публиката да го гледа на нашата сцена. Нема трикови, нема забава. Оваа претстава е посветена на едукациајта на децата со цел тие да се запознаат со делата на Шекспир. Публиката ќе види нешто сосема поинакво од она што е навикната да го гледа во нашиот театар. Мислам дека кога ќе вратат дома, по претставата, децата ќе ги прашуваат своите родители кој е Хамлет, кој е Магбет. Не верувам дека и родителите ќе знаат да им одговарат на тие прашања. Па, можеби ќе ги натераме тие да ги прочитаат драмите на Шекспир, па да им одговорат на прашањата на децата – рече Кирковски, кого публиката го памети во „Тоби“, „Снежната кралица“, „Гига мега бајка“, „Пепелашка“, „Петар Пан“, „Животинска фарма“, „Пат околу светот“…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top