| четврток, 6 декември 2018 |

Раул Гонзалез претставен во ПСЖ: Нашиот пат се уште не е започнат

Селекторот на македонската ракометна репрезентација и веќе поранешен тренер на Вардар, Раул Гоналез, официјално беше претставен како нов тренер на францускиот гигант Пари Сен Жермен.

Шпанецот доаѓа во „градот на светлината“ по два настапи со Вардар на Ф4-турнирите во Лигата на шампионите, а зад своето име има една европска титула. Очекувањата на француската јавност за него се големи, но тој не брза со предвидувањата.

– Кога си во Париз, мора да се бориш за сите титули. ПСЖ е најдобриот клуб на светот. Сезоната е долга, се е пред нас, не сакам да размислувам околу тоа што ќе се случи, а нашиот пат се уште не е започнат. Имаме цела година пред нас да работиме и да напредуваме. Ги познавам ракометарите на ПСЖ, знам дека се големи работници и дека ќе дадат се на тренинзите да напредуваме, изјави Раул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top