Тројца Албанци синоќа ја кренале на нозе грчката полиција откако избегале од притворската единица во полициската станица на округот Аргируполис, во Атина, пренесоа грчките и албанските медиуми. Биле уапсени на 13 јуни поради сомнеж дека извршиле над 70 кражби во областа Атика, на грчка територија, од кои стекнале плен вреден околу 400.000 евра.
Од притворот побегнале низ прозорецот на тоалетот во ќелијата, откако ги искршиле решетките, а потоа скокнале од 10 метри висина. Албанците биле забележани од грчките полицајци, кои се обиделе да ги спречат во бегството, но безуспешно, зашто тие успеале да ја преминат оградата и да избегаат.
Грчките медиуми пишуваат дека полицијата се впуштила во голема потера, но дека сè уште не се најдени.
Шефот на полициската унија на југоисточна Атика, Јоргос Калиакманис, рече дека нивната унија ги забележала лошите услови на зградата во која е сместен безбедносниот оддел и дека му ги пренеле проблемите на полицискиот директорат на југоисточна Атика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст