| четврток, 6 декември 2018 |

Миливојевиќ со провокација до Шакири и Џака: Ако се толкави патриоти зошто не играат за Косово?

Репрезентација на Србија во петок игра со Швајцарија, а нивниот репрезентативец, Лука Миливојевиќ е јасен во своите очекувања за тој натпревар, во кој Србија бара минување во осминафиналето после само две одиграни кола на Мундијалот.

– Тие се доста силен национален тим, но искрено не можам да верувам дека извлекоа реми со Бразил, изјави капитенот на англиски Кристал Палас.

Запрашан за провокациите на Џердан Шакири и Гранит Џака, кои кажаа дека ќе гинат за победа против Србија поради нивното потекло од Косово, тој даде и одговор кој може да се сфати како провокација.

– Мене тоа ми е смешно. Мислам дека Митар кажа убава работа. Ако се толкави патриоти, зошто не играат за таа земја? Тоа е нивна работа, тие сакаат да се занимаваат со провокации, ние не треба да се спуштаме на тоа ниво. Се гледаме самите себе и одиме да дадеме се од себе за да ги добиеме, истакна Миливојевиќ на прес конференцијата во Светлогорск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top