| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за радовишанец: Со фалц евра исплатил привремен работник во Германија

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против С.К. (28) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 02.06.2018 година, пријавениот се сретнал со лице од Радовиш и му предал плико во кое имало 1270 евра како исплата за привремена работа на лицето во Германија. По ова, лицето отишло во менувачница со цел да размени банкнота од 500 евра, но му било укажано дека се работи за фалсификат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top