
Oд 109 гласа, со 69 „за“ и 40 „против“ Собранието ја усвои потребата договорот со Грција да биде ратификуван по скратена постапка. По изгласувањето, собранискиот спикер, Талат Џафери ја задолжи Комисијата за европски прашања како матично тело да го разгледа предлогот кој е поднесен со европско знаменце, како и Законодавно-правната комисија.
Претходно, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, образложи дека повеќе од неопходно е да се донесе законот по скратена постапка за Грција да може да го извести НАТО за пoканата. На ова пратениците од ВМРО-ДПМНЕ започнаа да извикуваат „Предавник“.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев истакна дека договорот е противуставен и прави непоправлива штета.
– Ова е капитулација, договорот е современ геноцид на нашето постоење. Тој е едностран, Македонија прифаќа ултиматум. Со спогодбата се наметнува ново име на државата под уцена, рече Данев.
Тој побара еден час пауза, по што пратениите од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала. Паралелно, пред Собранието се одржуваат протести против промената на името и ратификување на договорот со Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


