
На вториот ден од почетокот на СП во Русија, Шпанија и Португалија го одиграа најдобриот натпревар на Мундилајот во кој имаше вкупно шест погодоци, а по неколку пресврти и возбудувања, на крајот резултатот беше 3-3.
Играч на натпреварот беше Кристијано Роналдо кој постигна три гола, а токму третиот гол кој значеше израмнување од слободен удар беше најубав од трите.
Интересно е тоа што при прославата на голот сите играчи истрчаа кон аут линијата за да му честитаат на Роналдо за мајсторијата. Тоа го сторија сите, освен Жозе Фонте кој не по своја волја остана на теренот. Причината е едноставна. Бидејќи сите негови соиграчи беа надвор од границите на игралиштето, Фонте мораше да остане внатре, во спротивно Шпанија ќе можеше да тргне од центарот и без проблем да постигне погодок.
During Cristiano’s hat-trick celebration, all Portuguese players were celebrating with him except one who had to stay inside the pitch as FIFA states if all ‘outfield players’ are off the pitch during celebrations, opposing team can kickoff the game. 🇵🇹 pic.twitter.com/u8ewWV3Zz6
— The Football Arena (@BantsFootballFC) June 18, 2018
Ова правило ретко кој го знае, а истото гласи дека противничкиот тим може да тргне од белата точка околку нути еден од фудбалерите кои играат во поле (сите освен голманот) не е во теренот, противничкиот тим може да почне напад од белата точка. Слично нешто се случи и синоќа на натпреварот помеѓу Англија и Тунис, кога сите репрезентативци на „Гордиот Албион“ отидоа да му честитаат на Хари Кејн за погодокот, освен Кјеран Трипиер кој остана во границите на игралиштето заради истата причина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


