| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка ноќеска во Аеродром: Тешко повредено 15 – годишно девојче, итно пренесено на клиника

Ноќеска во 00.30 часот на крстосницата од булеварите „Србија“, „Видое Смилевски -Бато“ и „Јане Сандански“, општина Аеродром, патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (24) од Скопје, удрило во 15-годишна девојка која управувала велосипед.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top