Од денеска до 21 јуни во повеќе градови низ Македонија ќе се одржува Петтата светска средба на децата бегалци во организација на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во соработка со здруженијата од Велес, Штип, Радовиш, Струмица, Битола, здужението „Чеган“ од Скопје и здруженијата на децата бегалци од дијаспората.
Подготовките почнаа во октомври минатата година, а настанот е во рамки на одбележувањето 70 години од напуштањето на нивните родни огништа во 1948 година за време на Граѓанската војна во Грција.
– Програмата на Средбата е прифатена од Владата на Република Македонија, Министерството за култура, Градот Скопје, како и општините каде се предвидени одделни активности, соопшти Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, кое ги има организирано четирите досега одржани средби на децата бегалци – во 1988, 1998, 2003 и во 2008 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


