Наградата „Книжевен жезол“ на Друштвото на писателите на Македонија за исклучителен поетски опус годинава ќе ја добијат македонскиот поет Видое Видичевски и поетот од Романија Ѓеорѓе Добре.
Наградите ќе им бидат врачени в четврток во ДПМ на традиционалната манифестација „Празник на липите“. Како што соопшти ДПМ, за поезијата на Видичевски ќе говори Раде Силјан, а за поезијата на Добре – Ермис Лафазановски.
На настанот ќе биде врачена и плакета на поетесата Мирјана Тренчева, добитник на наградата „Даница Ручигај“ за 2017 година.
На поетскиот митинг ќе бидат читани песни и есеи испратени на анонимниот конкурс на ДПМ и ќе бидат врачени плакети на авторите чии дела стручно жири ги избра за најуспешни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


