Ламбе Арнаудов
Кир Зоранос Зајкос конечно успеа. После сите убедувања, апели и пораки за сплотување на македонскиот народ и обединување на сите граѓани на Р. МАКЕДОНИЈА те послушавме, се сплотивме и обединивме сите како еден.
Сите како еден, СИТЕ ПРОТИВ ТЕБЕ, ПРЕДАВНИКУ!!!
Против ТЕБЕ И ТВОЕТО СИТНО ДРУШТВО ПРЕДАВНИЧКО.
Вчера неколкумина гнасни, мрсни и извалкани изроди се обидовте да ги испоганите и изматите чистите ко солза Преспанско и Охридско Езеро кои се нераскинливо поврзани и се очите на македонскиот народ во чии зеници се препознава бистриот македонски дух, непоколеблив патриотизам и вечен непокор, но неизмерен презир кон предавниците на својот народ. Залудно ви беше сé вчера во Преспа. Народот не ја губи вербата во себе заради вас неколкумина капки црнилишта. Народот знае дека вие сте премногу мали за да го попречите да ја сочува својата чистотија, бистрина и слободарски дух името МАКЕДОНИЈА.
Вчера, и последниот заведен те препозна во твојата улога на заштитен сведок против својот народ кого го кодошиш пред меѓународната заедница и Грција а дома безмилосно го тепаш. Нема што, брилијантно одиграна улога и заслужен Оскар за најдобра машка улога на одигран негативен лик.
Благородниот наш народ секогаш пружа шанса и прилика за покајување и сношти добронамерно се обиде за последен пат да те вразуми. Но, ти немаш чувство и никогаш не успеа да воспоставиш флуид меѓу тебе и напатениот македонски народ. Неможеш да се препознаеш себе си затоа што си станал измеќар на натемаго ѓаолот. А, тој својот печат го удира на вратот на поданиците за да неможат да го видат. Ама другите сите го видоа и многу бргу ќе ти кажат. Пред некој ден ги спомна лузните од твоите гребатинки и оправдано кажа дека болат.
Тогаш, Зошто сега со невидена суровост и брутална сила крена рака на сопствениот народ – мажи, жени, деца, стари, млади, бебенца носени во топлите прегратки и потпрени на недрата на нивните мајки, двогодшни, тригодишни дечиња качени на силните рамења на нивните татковци, дечиња кои заради мрачната историја и тешки страдања на овој народ уште од најрана возраст стекнуваат инстинкт, навики и вистинска определба да го сакаат својот народ, својата татковина и правото на слободен избор.
Зато ли ги тепаше и дечињата кои од чистината на својата душа извикуваа Македонија, Македонија разнежувајќи ги срцата на вдахновениот патриотски народ на Македонија.
Ама и непогрешливо како само што невино обдарено дете од Господ знае веднаш да ги препознае, да ги жигоса и отфли предавниците на својот честит род.
Ама ништо ново за вас, а и од вас. Вие и пред триесетина години кога за првпат вперивте снајпери во сопствениот народ, во главите и градите на невините синови и ќерки македонски, ја воспоставивте и продолжувате да ја применувате матрицата на сурово пресметување, дисциплинирање и внесување на страв кај сопствениот народ а сé со цел да ја сочувате украдената власт. По сé изгледа ви е навика кој преминува во традиција.
Слушам Едвард Џозеф кој е врвен пронаоѓач и е рамо до рамо со Алберт Ајнштајн те предлага за Нобелова награда. Голема чест. Ајнштајн нобеловец за физика, Едвард Џозеф нобеловец за планетарна корупција. Денес гледам Нано Ружин, на кого изгледа чавка му го испила умот го предлага истото. Ваква награда навистина добија покојните Јасер Арафат и Јицак Рабин, кои ставија крај на меѓусебна војна, силно крвопролевање и губење на млади, невини животи. Згора на тоа тој договор беше праведен за двете страни. Нобелова награда за велепредавство на својата татковина и народ, кој сношти беше изложен на немилосрдно тепање,задушување со солзавец,повредување со шок бомби и стрелање на гумени куршуми врз жени и дечиња во никој случај не се помислува да се предложи а камо ли додели. Ако за ова се доделува Нобелова награда за мир тогаш на монструмот Чарлс Менсон треба на му се додели награда за хуманост и милосрдие.
Во Гинисовата книга на рекорди е запишана најкусата изрека ама со длабока содржина и пораки и се состои од само два збора од старата турска мудрост која гласи: “ЕТМЕ БУЛМА“ што во превод значи – не прави да не најдеш. Да си чекаш, ќе те стигне. Колку гумени куршуми, колку шок бомби, колку бомби солзавци и колку гумени палки крена на мојот народ, толку ровји Господ ќе ви испрати на сите. А за велепредавството не сакам ни да помислам каква ќе биде казната.
Со тебе толку и последен пат. Никогаш повеќе нема да ти се обратам, не го заслужуваш моето внимание. А според злосторствата што ги правиш не ќе имам ни прилика.
ГОТОВ СИ!!
Сега нешто и со мојот народ со кој јас имам големо разбирање и воспоставен флуид во двете насоки.
Драг мој Македонец, повеќето луѓе кои имаат среќа да проживеат просечен живот воспоставуваат репродукциска и генетска врска со четири генерации. Назад дедо ти и татко ти, средина ти, иднина твоите деца и внуци. Ако не си ги послушал твоите предци не ќе знаеш што да му кажеш на твоите деца и внуци, а и нема да те разберат, а сигурно и нема да те послушаат. Не биди себичен и не гледај само за себе. Одговорноста ти е преголема и од тоа кај ќе се заредеш или ќе се прославиш или ќе се посрамотиш.
Затоа, МАКЕДОНЕЦУ, ако ова го пропуштиш, си го пропуштил животот.
Ако го пропуштиш животот, не си го послушал својот создател, Господ.
Ако не го послушал Господ, си го изневерил и навредил затоа што животот е Дар Господов.
Ако не го прифатиш животот како дар од Господ, ништо не си разбрал. Не си разбрал дека Господ те направил најсовршено суштество и те обдарил со достоинство, чесност, праведност, храброст и неизмерна љубов кон својот народ и Татковина.
Ако сево ова не го разбереш, си ги изневерил најблиските и самиот себе.
Народе мој македонски, ти си најдобриот избран тим, составен од исклучителни вредности за највисоки дострели. Храбро истрчај на терен, одиграј го маестрално мечот и убедливо победи во финалето на сите финалиња. Златните, сребрените и бронзените одличја освоени на светски, европски, олимписки првентсва ќе го изгубат својот сјај и ќе потемнат и ќе изгледаат како безвредно камење и песок во споредба со трофејот што ќе го освоиш на кој длабоко и за век ќе биде изгравирано името Македонски народ и Република Македонија. Апсолутен фаворит си, сигурно ќе победиш затоа што твојата борба е праведна.
НАПРЕД!
Народе мој, биди буден и максимално внимателен.
Следи ја својата мудрост, верувај во својата сила, зголеми ја својата праведност, искажи ја својата храброст и просветли го својот македонски дух.
Само огромната верба во вистинската добрина на делото што го правиш за својот народ, за својта Татковина и за себе ќе ти создаде непогрешлива интуиција, а со тоа ќе ти овозможи да донесеш прави одлуки и во вистински време за светла и среќна иднина за сите.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст