| четврток, 6 декември 2018 |

Година и три месеци затвор за син на судијка за насилството врз Заев на 27 април

Уште две затворски пресуди за упад и насилничко однесување во Собранието на 27 април лани изрече Основниот суд Скопје 1. За насилство врз премиерот Зоран Заев осуден на една година и три месеци затвор е Васко Цунгаревски, кој ја признал вината.

Тој е син на доскорешната судијка од Основниот суд Скопје 2, Зорица Цунгаревска, која од пред околу една година е во пензија. За истото дело насилство, но за тепање на пратеникот на ДУИ Артан Груби, во истиот предмет осуден е Димитар Поповски, кој доби условна двегодишна казна, според која не смее да го повтори делото во наредните пет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top