Синоќа бил запален автомобилот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец. Тој вчера беше на потпишувањето на договорот во Преспа и објави фотографија со премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
– Вчера во 23.05 часот во СВР-Битола, Х.Л. (48) од Прилеп пријавил дека околу 23.00 часот непознат сторител го опожарил патничкото возило „Мини Купер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР во дневниот билтен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст