| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватскиот слектор го испрати Калиниќ дома

Напаѓачот на Милан, Никола Калиниќ сериозно ја нарушил атмосферата во хрватската фудбалска репрезентација, поради што селекторот Златко Далиќ донел одлука тој да биде отстранет од националниот тим. Хрватска светското првенство го продолжува со 22.фудбалери.

Хрватска во саботата, со победа 2-0 над Нигерија стартуваше на СП, а во финишот на тој меч Калиниќ одбил да влезе во игра со образложение дека го боли грбот.

Хрватските медиуми пренесуваат дека и на пријателскиот меч со Бразил, одигран пред почетокот на СП, Калиниќ исто така го одбил селекторот, во ситуација кога тој имал намера да го внесе на теренот во финишот на мечот и коментураат дека не станува збор за никаква повреда, туку едноставно тој е незадоволен бидејќи не е стартер. Хрватскиот селектор закажал прес конференција за денеска во 16 часот каде што се очекува да ја соопшти оваа одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top