| четврток, 6 декември 2018 |

Изроди и предавници

Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска, изроди и предавници, денес потпишавте смтрна пресуда за македонската држава и македонскиот народ

 Михајло Маневски

Изродите се  полоши и физички и морално од своите предци од одредена заедница. Изродот е расипана лоша единка од својот род (македонски дигитален речник). Според бугарскиот речник, изрод, тоа е единка која со своите дејствија грубо ги нарушава човешките или моралните норми на општестввото. На англиски  тоа се ословува како degeneration, а на албански degjenerik.

Тоа е слика и прилика на Петседателот на Владата Зоран Заев, на министерот за надворешбни работи Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. На овие предавници сите овие атрибути на изроди совршено им прилегаат. Но, на политичар и носител на државна функција не му доликува да биде изрод и предавник.

Кој му даде право на предавникот Зоран Заев да гази  

по коските на илинденците, на војводите, на комитите,

на партизаните, на стотици илјади  македонци и македонки

кои се бореа и со својот живот платија за Македонија

Кој му дал право на овој ништожник да подпишува смртна пресуда на македонската држава и македонскиот народ. Повеќе од една година смислено ги  лаже граѓаните на Македонија дека името на државата нема да се менува и дека ќе се зачува идентитетот на македонскиот народ.  Сее клетви и симнува светци, континуирано се колне дека нема да се менува името на државата и дека нема да се чепне од идентитетот на македонскиот народ.

Се колне во недоговите претци, во неговите родители, се колне во неговите деца, дека додека диши, додека го диши овој македонски  воздух, името на државата нема да се смени!. Зоран Заев вели: “Верувам дека не постои роден човек подготвен да излезе пред Парламент и да бара промена на Устав, заради промена на уставното име”. Да, не постои човек, но постои  изрод и лажоман кој се вика Зоран Заев.  Како овој безбожник ќе ги подгледне во очи своите родителите, св оите деча во кои се колне,  како ќе отиде на гробишта да им запали свеќа на предците?  Ама овој Зоран Заев е надвор од сите вери. Кој може нешто да му верува на овој ноторен лажго? Даде клетва дека додека диши нема да се менува името на државата, ама издиша, остана без воздух.  Ја издиша државата Република Македонија и македонскиот народ. Лагите и клетвите му служеа едниствено за да може да ги измами граѓаните, да ја предаде државата  и да ја доведе до подчинетост и зависност од Грција. Цело време Зоран Заев подмолно работи на рушење на државата Република Македонија и нејзиното уставно уредување, на нејзиното име и нејзиниот идентитет.

Проколнатиот Никола Димитров под шатор подпиша договор за капитулација на Македонија  

Димитар Димитров е роден во с. Цакони, Воденско, Егејска Македонија. Тој е татко на актуелниот министер за надворешни Никола Димитров.

Денес неговиот син Никола Димитров во преспанското село Псарадес, прекрстено од Нивици, подпиша договор за предавство на македонската држава и на македонскиот народ. Подпиша договор за капитулација, за промена на Уставот и за смена на уставното име Република Македонија, подпиша  договор за бришење македонскиот идентитет, македонската историја и култура.

Ќе го стигне ли овој политички изрод татковата клетва,  содржана во колумната “Уште еден акт на велепредавство”, што е дел од книгата на Димитар  Димитров, насловена како “Името и умот”, објавена во 1999 година. Таткото Димитров пишува  “на дело е уште еден удар по македонското национално битие во негативна традиција на Берлинскиот конгрес, на Букурешкиот договор …” Спорот со Грција, од почетокот е во функција на таа традиција, и во него Јенсен ја препозна стратегијата на геноцидот врз македонскиот народ“. 

”Македонскиот народ е пред судбински тест. На политичката опозиција и на граѓанските асоцијации им претстои одговорна  работа на проект на темелно движење на отпорот, од кое ќе произлезе Влада на национален спас и вонредни избори. Раката да му се исуши  кој ќе стави потпис на најавената спогодба“.

Така пишуваше таткото Димитров. А синот Никола, покрај тоа што не го послуша својот татко, не ја послуша ни неговаја мајка Ратка Димитрова. Пратеничката Ратка Димитрова за прашања во врска со името на државата во Собранието на РМ изјавила:  “ сега во минута до 12, ни останува да констатираме дека со прифаќањето на овие услови за прием се отвора процес на државна и национална самоликвидација. Од моментот на преименувањето престанува реалноста на РМ. Името е проект. Проектот суверена и самостојна Република Македонија темелно се деструира.“ Така говореше Ратка Димитрова како пратеник. Може ли сега да  го препознае она што го говореше, со она  што сега го прави нејзиниот син?

Ќе му го измери ли умот таткото Димитар на синот Никола, кој и покрај татковата клетва, да му се исуши раката на тој (секој) што ќе стави потпис на најавената спогодба за промена на името, под шатор подпиша договор за капитулација на Македонија? Знае ли таткото Димитров како сега се вика неговото село с. Цакони, Воденско, Егејска Македонија?  Името на родното село Цакони на таткото Димитров, македонец од Егејска Македонија, му го избриша синот Никола, и не само на тоа село или град, туку сите топоними.

Само после два дена, на 14 јуни 2018 година “пријателот“ на Заев – Алексис Ципрас јавно во телевизиско интервју изјави дека “не признаваме македонска нација и никогаш нема да ги нарекуваме македонци” туку славомакедонци. Толку од грчката искреност и почитување.

Радмила  Шекеринска, попозната како бомбона бизнис за невиден криминал и вејка на ветрот, глава даваше за името Република Илинденстка Македонија. Преку ноќ, го смени мислењето и здушно го брани срамниот договор. И птицата ветрушка има ум да го користи струењето на веретерот и да лета без да мавта со крилата, а ова кутрата Шеќеринска, не ги познава ниту  тие закони. Ќе плови низ Егејското море со срамот што ќе го носи додека е жива.

Срамниот капитулантски договор брише се што е македонско

Со срамниот капитуланртски договор се брише се што е македонско. Се бришат и мора да се сменат имиња на сите улици, плоштади, мостови, лични карти, патни исправи, возачки дозволи, сообраќајни дозволи, изводи од матични книги, имотни листови, имињата на сите институции на централно и локално ниво, на Владата, Собранието, Претседателот на Републиката, министерствата, агенциите, фондовите, јавните претпријатија, МАНУ, МРТВ, имињата на повеќе илјади фирми, Универзитетот. Факултетите, установи или организации што го сордржат терминот Македонија, артефакти, музејски експонати и споменици, ќе се ставаат плочки, како што нацистите на евреите им ставаа значки, дека тоа се дел од хеленската култура.

Ќе не тресат грчки комисии и ќе бараат иредентизам во школските учебници, во музеите, литературата, филмот, историографијата, фолклорот, музиката, културата, традицијата, обичаите, песните. Играните филмови Црно семе, Големата вода, Црвениот коњ и многу други, ќе  се стават во бункер, ако може во пештерата Врело во Матка, длабоко во водите, никогаш да не испливаат. Нема македонска кинематографија, нема документарни филмови за злосторствата на андартите врз македонското население и сето тоа треба да се уништи и да се заборави, како да не постоелио.

Нема протерани на 25 илјади деца бегалци од Егерјска Македонија, нема Бапчорки, нема Чупи Костиурчанки, нема песни и ора од Егејска Македонија, нема Мирка Гинова жива закопана, нема запалени села со напалм бомби, нема геноцид, нема ништо. Нема одземени имоти на Македонците од Егејска Македонија, одземени куќи, ниви, бавчи, деловни и станбени објекти, кои никогаш не се вратении, затоа што со дискриминатрските закони на Грција македонците не се грци по род.

Некои од овие фактори од Европа, не учат за владеење на правото, а не го почитуваат меѓународното право и Пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг, на највисокиот суд во светот. Ќе остане запаметено целосното игнорирање на ова пресуда и на меѓународното право на кое моќниците се повикуваат само кога е во нивни интерес.

Македонци и македонки, повторно не черечат!

Македонци и македонки повторно не черечат, освестете се. Ја бришат нашата држава Република Македонија, со некакво ново име Северна, што означува област, а не држава, како што наведе професорката Гордана Давкова Силјановска. Овој пат дефинитивно не бришат од картата на народи. Го бришат од картата македонскиот народ, исконски народ кој со својата писменост и култура извршил одлучувачко влијание на културно и просветно ниво во повеќе држви во Европа.

За ноторни лажговци и предавници од типот на Зоран Заев нема ништо македонско. Се е хеленистичко. Со овој капитулантски договор Зоран Заев не сведува на народ без корени, на измислен народ. Народ без корени, не е народ. Тој станува аморфна маса. Тоа сака да не направи предавникот Зоран Заев и неговото злосторничко здружение. Грците користеа повеќе од стотина експерти од земјата и странство, а Зоран Заев се сведе на анонимусите Бојан Мариќиќ, Зоран Башановиќ и Дане Талески. Грците ги користат сите средства. Пред дваесетина години се обидоа да го подкупат  Киро Глигоров со над 1 милион долари.

Денес го слушнавме оној Таќи Фити, со изјава за голтање на горко апче. Ама ова апче не е горко, туку отровно. Овој Таќи Фити никогаш нема да го симне сдсмовскиот кожув, а ќе остане запаметен по тоа што ја сотре МАНУ со товарот со кој влезе на челната позиција. Ќе му објасни ли на народот какво било учеството на МАНУ (му порачувам да не чека, да си порача нова табла) во ова предавство на Зоран Заев и неговата банда! Јавноста очекува да ја изврши својата обврска, ако за ништо друго, барем за народните пари кои ги троши. Долго време срамно бегаше од новинарите кога ќе го прашаа за овие работи, а сега, веднаш онака лежерен на хотелската тераса ја даде ова срамна изјава.

Денешниот ден и срамен злокобен ден за македонскиот народ и македонската држава, а не некаков историдски ден, како што се обидуваат да го престават предавниците. Македонскиот народ никогаш нема да го заборави ова предавство и капитулација и никогаш нема да им  прости на предавниците. Со овој противуставен договор се уништува државата Република Македонија.

Каков и да биде силниот терор што се врши и употребата на невидена прекумерна брутална сила спрема недолжниот народ, кој не се согласува со предавството на државата и промена на името на државата, македонскиот народ со сите демократски средства што му стојат на располагање  ќе се бори и нема да се согласи и да го прифати ова предавството, ќе се бори за правда и за својата држава.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top