Пред да го достави до Собранието, договорот со Грција за промена на името, Владата да побара пријателско мислење (amicus curie brief) од Венециската комисија, предлага професорката Гордана Силјановска Давкова.
– Предлогот би можел да дојде и од претседателот на државата, како надлежен за потпишување на указот за прогласување на Законот за ратификација на договорот. Се разбира, доколку дојде до оспорување на уставноста на Законот за ратификација на договорот пред Уставниот суд на Република Македонија, предлагам тој да побара пријателско мислење (amicus curie brief) од Венециската комисија.
– И Владата на Република Македонија може да побара мислење од Венециската комисија за амандманите на Уставот на Република Македонија што ќе произлезат од договорот, пред да ги достави до Собранието. Предлозите за мислење на Венециската комисија би можеле да дојдат и од претседателот на Собранието, пратеничката група на СДСМ, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и/или било која друга пратеничка група, во функција на одлучувањето за нив во Собранието“, предлага професорката Силјановска- Давкова.
Венециската комисија е советодавно тело на Советот на Европа каде Македонија е полноправна членка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст