| четврток, 6 декември 2018 |

СП 2018: Германците шокирани во првиот меч, фаворитот падна против Мексико

По вчерашниот нерешен резултат помеѓу Аргентина и Исланд (1-1), денеска на Светското првенство во Русија се случи уште поголемо изненадување кога Мексико минимално го победи еден од фаворитите за освојување на Мундијалот, репрезентацијата на Германија.

Стрелец на решавачкиот гол беше офанзивниот играч за врска на ПСВ, Лозано кој во 35. минута прецизно стрелаше во мрежата на Нојер. Ова се важни 3 бода за Мексико кој со оваа победа прави сериозен исчекор во борбата за првите две места во групата во која се и екипите на Шведска и Ј. Кореа, кои пак своето деби на Мундијалот ќе го имаат утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top