| четврток, 6 декември 2018 |

Комити вечерва на протест пред Собрание: Aпсења и притисоци не не плашат, ние сме Комити и ќе ве најдеме!

– Недела 17.06 2018 со почеток од 20.00, повторен собир пред Собранието на Република Македонија. Ќе повториме дека ние иако не зeмаме пари за одбрана на татковината како полицијата и војската, како граѓани, должни сме да искочиме и да си го браниме ова наше парче земја, повикува навивачката група Комити на протест вечерва преку ненвиот официјален Фејсбук профил.

– Ги повикуваме повторно сите навивачки групи и сите слободоумни патриоти да дојдат, да се сплотиме како едно. Ако не сте во можност за да дојдете во Скопје, организирајте се локално. Последен пат ве повикуваме на мирен протест, а за наредниот период нека се мислат. Нас, апсења и притисоци не не плашат. Порака до тие што се закануваат: ние не сме ни “режимот”, а ни “шарената револуција”, ние сме Комити и ќе ве најдеме, а останатото сте го читале во учебниците по историја. Запомнете, борбата е да им го смениме менталитетот на нашите политичари, да научат да ги ценат и бранат интересите на Македонскиот народ, а не да ги распродаваат. Никој не е појак од народот кога е сплотен. Затоа ве замолуваме, раширете го идеалот за слобода, соберете ги вашите најблиски и без страв искочете на улица, ве повикува вашата мајка, Македонија! Да живее Македонија!!!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top