Вчера во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Б.М. (63) од Скопје пријавил дека на 15.06.2018 година му било извршено кривично дело „измама“.
Околу 10.00 часот пред неговиот дом на ул. „Наум Охридски“ дошло непознато лице и му понудило огревни дрва за цена од 2500 денари за метар кубен. Откако се договориле сторителот успеал да го убеди Б.М. да му даде 5.000 денари и да го почека да ги донесе дрвата кои биле во товарно возило на почетокот на улицата. Сторителот заминал и не се вратил, по што Б.М заклучил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ова не е прв случај во последниот месец и половина во кој повозрасни граѓани се мамени на ист или сличен начин. Во дневниот билтени на МВР скоро секоја недела има по најмалку еден ваков случај во кој лажни продавачи нудат огравни дрва за релативно ниска цена на повозрасни граѓани, па ги мамат на различни начини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст