Фудбалерот на Манчестер Сити и на репрезентацијата на Англија, Фабијан Делф го напушти кампот на тимот во Русија. Дваесет и осум годишниот Делф ќе се врати во својата родна земја за да присуствува на раѓањето на своето трето дете.
Делф рече дека нема проблем со селекторот Гарет Саутгејт, кој „прекрасно ја разбира ситуацијата“. Тој ќе го пропушти првиот натпревар на Англија на СП 2018 против Тунис, кој ќе се одигра утре од 20:00 часот во Волгоград.
Во исто време, напаѓачот Маркус Рашфорд се врати во тимот по мала повредата на коленото. Дваесетгодишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед пропушти неколку трнинзи поради повредата што ја претрпе на 11 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст