На 28-годишнината на партијата, ВМРо-ДПМНЕ во Битола настапи со нов визуелен лик.
Новиот визуелен идентитет на ВМРО-ДПМНЕ се базира на еден основен графички мотив –модерна интерпретација на високо подигнати и гордо развиорени знамиња. Високо кренатото и развиорено знаме со националната црвена боја ја симболизира нашата поврзаност и оддавање чест кон сите оние кои во различни историски периоди се бореле за национална слобода и човечки правдини.
Црвеното знаме е поддржано со уште две знамиња во графичката композиција и тоа со жолта и црна боја: црната – за да создаде приказ на партиското знаме на ВМРО-ДПМНЕ, и жолтата – за да ја создаде државната комбинација на бои заедно со црвената. Развиорените бајраци се поставени на речиси бела позадина за да се истакне нивното значење и појавност.
Модерниот дух на ВМРО-ДПМНЕ
Покрај освежување на имиџот на партијата, новиот визуелен изглед на ВМРО-ДПМНЕ треба да испрати и многу важни пораки во јавноста. Прво и најважно, дека идеалите на кои се заснова партијата имаат безвременски квалитет и тие се релевантни и денес, исто како што биле релевантни низ историјата.
Бездруго, задача на партијата е да ги одржува тие идеали во живот и да ги пренесува од генерација на генерација, затоа што тие идеали се пред се систем на човечки вредности и автохтони македонски политички гледишта. Второ, да испрати јасна порака дека тие вредности и тоа како имаат место во модерното време и кај современите индивидуи, затоа што се вредности кои создаваат среќни луѓе, силни семејства и силна нација.
И конечно, да се зацврсти позицијата на ВМРО-ДПМНЕ како прогресивна партија, и мотор за развој и напредок на македонската држава, тоа што фактички од секогаш и била.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст