| четврток, 6 декември 2018 |

Со крвта во бронзата врежани се нивните дела: Мицкоски им се поклони на борците за независна Македонија (ФОТО)

По моќниот говор што го одржа пред повеќе од 20.000 симпатизери, членови, но и поддржувачи наполитиките на ВМРО-ДПМНЕ, кои дојдоа од цела Македонија да му се спротивстават на потпишувањето на капитулантскиот договор меѓу Македонија и Грција, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, положи свежо цвеќе и се поклони пред споменикот на паднатите борци за независна Македонија во центарот на Битола.

На споменикот се врежани зборовите „И зборот наш и сонцето и земјата наша наши да бидат“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top