| четврток, 6 декември 2018 |

Пораката со вратоврската за Ванковска – симболично земање на скалпот на Македонија

Не стивнуваат жестоките реакции од јавноста за денешното потпишување на Договорот за промена на името меѓу Република Македонија и Република Грција кој беше потпишан во грчкиот дел на Преспа.

Универзитетската професорка Билјана Ванковска на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија од поклонувањето на вратоврската на премиерот Зоран Заев до грчкиот колега Алексис Ципрас, и напиша дека тоа е „Капитулација во Нивици низ слики – Симболично земање на скалпот на Македонија“,

Инаку, по потпишувањето на Договорот, Заев ја извади својата вратоврска и му ја поклони на Ципрас, кој како трофеј по победа ја подигна во воздух.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top