Иако одбележуваме 28 години од ВМРО-ДПМНЕ и 125 години ВМРО, ние не славиме, ова не е прослава затоа што околностите се загрижувачки, а реалноста претешка, која се носи на плеќите на обичниот човек и нашата земја.
Но сепак треба да ѝ се погледне на реалноста во очи. А таа е – Македонија е зафатена од силен ураган. Запаметете, зафатена ос силен ураган со име и презиме – Зоран Заев!, повтори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Кампањата кои тие ја спроведоа е да бидете пасивизирани, да покажете дека сте незаинтересирани и да си речите сите се исти. Јс ве уверувам дека не сме исти. Да си помислите ништо од мене не зависи, а зависи, од нас зависи. Но ќе ви кажам отворено – не потценија.
Имаме работа со влада и човек кој потпиша договор за капитулација за името. Запаметете, капитулација! Имаме толку невешто водени преговори што сега на власт имаме работа со влада која е капитулантска. А не само што нема победа како што сакаат тие да го прикажат капитулантското дело, туку ако се погледне терминолошки и суштински, нема ниту договор, има капитулација.
И во исто време истиов човек си нема мака што ја лажеше целата јавност дека нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име. На вакви лаги, дури и Барон Минхаузен може да им позавиди.
Згора на се го видовме како се колне во татковината, во дедовината, дека додека дишел нема да дозволел промена на уставот. За да потоа видиме како превзема чекори со кој сака да ја издиша Македонија.
Големата вистина е дека Заев со договорот го изменил идентитетот и тоа што договорот подразбира под терминот македонско и Македонци е нешто сосема ново и друго од тоа што ние сме биле досега. Има една категорија која е непозната за партијата на власт, а таа се вика срам. Ова е срамна капитулација на нашата татковина Република Македонија.
Дополнително е и меѓународното бламирање за Македонија, каде сега сите земји кои не признале под уставното име, човекот што го договорил договорот ќе ги извести дека не сме биле тоа што сме и она што тие држави самите не признале, Македонија. И сеуште не разбравме за каква победа станува збор тука.
Па вака секој можеше. Ова не е тешко да се направи. Впрочем не е тешко за човек кој не знае што е вредност во животот и човек кој додека го фалат јавно, зад затворени врати му се потсмеваат.
ВАКВИОТ договор е пораз со сите нишани, но работата е што поразот на човекот кој го склучи договорот сака да биде и пораз на целата татковина наша Македонија.
„На лице светци, во срце волци“, напиша големиот Григор Прличев пред речиси 150 години. Но, веќе сега им го видовме вистинското лице иако некој се колебаше дека можат подобро, се докажа на дело дека можат исклучително лошо. Паднаа маските, како на послужавник имаме сервирана вистина. И само од нас зависи како понатаму. А во оваа темнина за македонската држава, во овој мрачен тунел за нашата заедничка иднина… едно е јасно: Заев мора да падне, за Македонија да може да се издигне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст