Алдо Климан
Пред очите на сите македонки и македонци, потомци на славниот и нескршлив македонски род, и пред очите на целата светска јавност глутница подмолни македонски заговорнички скотови и ѓубриња и острвените грчки фашистоиди и нивните европски и светски помагачи во тој гнасен нецивилизациски чин безмилосно и безумно ја силуваат нашата невина, достоинствена и горда мајчичка-татковина Македонија.
За да го спроведат злосторството до крај, црната квислиншка Тројка, Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска, и нивниот големоалбански аѓутант Бујар Османи се на самото место во Нивици, во тоа македонско место што ни криво ни должно влегува во најмрачната македонска и светска историја, место на грчко-македонската граница преку која во очај и ужас, пред фашистичките грчки штикови и митролески пресрелки во 1948 година бегаа, и стари и млади, болни, ранети, жени и деца, нашите македонски прогонети душички од Егејскиот дел на Македонија, безмилосно искорнати од своите топли дедовски огништа и домови, искорнати од животот. Тие предавнички изроди, со опинци наместо образи, се дојдени во Нивици еднаш за сите времиња токму ним, на тие наши страдалници, да им ја запечатат устата, да им го сотрат правото на сеќавања на својот дом и на сите нивни далечни семејни слики и спомени.
Злосторничките грчки фашистоиди и исконски мразители на сѐ што е македонско Алексис Ципрас и Никос Коѕиас се посветените богови-силуватели на Македонија на кои нашиот мизерен предавнички и капитулантски џган денес на поддавалник им ја предава Македонија во целосна немилост.
Во Нивици се и црните Кумови на овој невиден меѓународен злостор Јоханес Хан, Федерика Могерини и Метју Нимиц. Тие морални очајници се таму како мрачни секунданти на Европа и на светот што сосема го изгубиле хуманистичкиот компас, за да видат со свои очи и да им потврдат на своите налогодаватели дека смртниот злостор успешно е извршен и оти Македонија и дефинитивно е мртва, а македонскиот народ избришан од списокот на народите во светот.
Триумфот на домашното и меѓународно криминално-политичкото зло е целосен!
А денешниот „славеник“ Никола Димитров, пак, свечено изјавува дека овој ден е историски.
Да, мизерен предавнику Димитров, но историски денови се и деновите што се запишани со црни мрсни букви на најстрашни и најбедни моменти во човечката цивилизација. А ова е токму таков ден: Најцрн, Највалкан, Најстрашен ден во историјата на македонскиот народ, но и во историјата на Европа и на светот, а твојот гнасен потпис овој ден ќе го овековечи на црните страници на историјата.
Погледнете се само вие неколкумина организирани неранимајковци, Заев, Димитров, Шекеринска, Османи, Ципрас, Коѕиас, Хан, Могерини и Нимиц, така собрани на некрофилската гозба над гробот на Македонија! Тоа е целото ваше приватно друштвенце што ја подготви оваа злосторничка трпеза и што денес се храни со смртта на нашето македонско име, со смртта на нашата татковина Македонија. Тоа е тоа ваше мало, безобѕирно, дрско приватно друштвенце – наспроти целиот македонски народ!
Па зарем мислите дека тоа ќе ви помине?! Борбата со вас и со вашиот мрак и немерливо зло допрва почнува!
Сите вие заедно, и секој од вас одделно е persona non grata во Република Македонија!
Зоран Заев е непожелно лице во Република Македонија!
Никола Димитров е непожелно лице во Република Македонија!
Радмила Шекеринска е непожелно лице во Република Македонија!
Бујар Османи е непожелно лице во Република Македонија!
Алексис Ципрас е непожелно лице во Република Македонија!
Никос Коѕијас е непожелно лице во Република Македонија!
Метју Ниумиц е непожелно лице во Република Македонија!
Федерика Могерини е непожелно лице во Република Македонија!
Јоханес Хан е непожелно лице во Република Македонија!
Претседателе Иванов – не си сам! Со тебе е целиот македонски народ!
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!
ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст