Во Псарадес на грчка страна од Преспанското Езеро во тек е потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција со кој ќе се стави крај на 25-годишниот спор за името.
Договорот ќе го потпишат шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот Метју Нимиц. Договорот предвидува ерга омнес име за земјава, Република Северна Македонија.

На потпишувањето ќе присуствуваат и премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, владини претставници и претставници од меѓународната заедница.

Потпишувањето се одвива под зајакнати безбедни мерки и во присуство на високи претставници на меѓународната заедница.
Договорот со Грција е насловен „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните“.
Извор Сител
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


