Со селфи фотографија од бродот со која македонската делегација патува во Нивици на потпишувањето на капитулантскиот договор меѓу Заев и Ципрас, квислиншкиот премиер Зоран Заев и неговите квинслиншки министри Никола Димитров, Радмила Шекеринска и Бујар Османи ѝ се насмеаја на нацијата чијашто смрт ќе ја потпишат за неколку мига.По оваа насмевка веќе ќе ја нема Македонија,македонскиот идентитет ќе биде избришан од колективната историја, македонското име, јазикот, нацијата.
Зоран Заев е единствениот политичар во светот кој го сменил името на својата земја, и се откажал од идентитетот на својот народ. Со ова Заев се става во темната страна на историјата на Македонија.
Зоран Заев со овој договор прави три големи работи кои создацаат неповратна штета. Со договорот се бирише името Македонија, се менува уставот, и се загрозува идентитетот македонец и македонско. Ова е капитулантски договор со кој Заев се гордее, а со кој ќе се срамат стотици генерации во иднина. Македонија не заслужува да згасне на нечесен начин, поради скриени сомнителни интереси на Зоран Заев кој бесрамно распродава нешто што не е за продавање. Не се виновни претходните генерации што ние денес живееме во Македонија, тие се наша гордост, но ако се откажеме од нив ние ќе бидеме нивниот срам. ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на овој капитулантски договор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст