| четврток, 6 декември 2018 |

Не сакаше ниту да ја допре: Египетскиот голман одби да ја прими наградата за играч на натпреварот

Наградата која на годинашново Светско првенство во Русија се доделува за најдобриот играч на секој натпревар предизвика скандал уште на самиот почеток на Мундијалот. Покровител на оваа награда е компанијата „Бадвајзер“, познатото американско пиво, а бидејќи се работи за алкохолен пијалок кој пак е забранет во муслиманскиот свет, наградата веднаш наиде на одбивање.

Најдобриот играч на дуелот Египет – Уругвај, египетскиот голман Мохамед Ел Шенави без двоумење ја одби наградата која остана во рацете на момчето кое требаше да му ја предаде. И покрај примениот гол, Ел Шенави заслужено беше прогласен за најдобар играч на натпреварот, но тој не сакаше да ја прими наградата поради принципите на неговата религија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top