| четврток, 6 декември 2018 |

Мицотакис: Секој што ќе гласа против интерпелацијата вади индивидуален билет за Преспа

Гласајќи денеска против недоверба за владата е глас за договорот Ципрас – Заев, гласајќи против, секој од вас вади индивидуален билет за Преспа, рече претседателот на Нова демократија, Киријакос Мицотакс на денешната расправа за гласање недоверба во грчкиот парламент, велејќи им на пратениците дека сите ќе носат одговорност со нивниот глас.

– Сите вие што ќе гласате „не“ за предлогот за недоверба, гласате „да“ за правна регистрација на соседите, не да се самоопределуваат како Македонци, туку да се признаваат како Македонци од сите. И од Грција, задолжително, рече Мицотакис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, ерга омнес, интеграцијата во НАТО, преведеното име, македонскиот јазик и националност беа дел од точките што ги спомена Мицотакис како проблематични што не одат во прилог на Грција и за кои ја нападна владата.

Во однос на употребата на името рече дека не постојат гаранции за ерга омнес и уште еднаш упати критики до Ципрас дека лаже, бидејќи во обраќањето веднаш штом се постигна договорот, рекол дека името ќе биде Северна Македонија без превод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top