
Ѕвездата на Аргентина, кој денеска не успеја да погоди од белата точка и да и донесе победа на својата репрезентација, по меќот изјави дека пропуштениот пенал во натпреварот против Исланд е болен момент за тимот.
Меси рече дека грешката е болна, но појасни дека не треба да се „полудува“ од првиот погрешен чекор.
– Не треба да полудуваме. Тоа беше почеток и знаевме дека нема да биде лесно. Бевме подобри, но не бевме прецизни и тешко создававме ситуации. Има работи кои треба да ги подобриме. Промашувањето беше болно. Ќе излеземе за победа против Хрватска, изјави Меси по мечот.
Инаку Аргентинецот постави нов рекорд во однос на бројот на удари во еден натпревар, откако упати 11 удари кон противничкиот гол, но не реализираше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


